Connect with us

Интер без Шкриниар и без Чалханоглу на дуелот против Бенфика во ЛШ

Интер ќе патува за Лисабон на утрешниот прв четвртфинален меч од Лигата на шампионите против Бенфика без двајца клучни играчи, објави „Газета дело спорт“.


Станува збор за дефанзивецот Милан Шкриниар и играчот од средниот ред Хакан Чалханолу кои не успеаја навреме да се опорават од повредите. Сепак и двајцата се надеваат дека ќе му бидат на располагање на Симоне Инзаги за саботниот натпревар на домашен терен против Монца во Серија А и за реваншот со португалскиот гигант следната недела.

Со оглед на нивното отсуство, утре се очекува стартери да бидат Матео Дармијан во одбраната и Марсело Брозовиќ во средниот ред. Во нападот можно е Един Џеко да биде стартер пред Ромелу Лукаку, како партнер на Лаутаро Мартинез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови