Connect with us

Хет-трик на Алтин Алији, Македонија У18 убедлива против Естонија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години во одличен меч оствари убедлива победа со 3:0 над соодветната селекција на Естонија во второто коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа еден квалитетен натпревар, сигурен, со дисциплинирана игра и голема желба за победа. Естонија беше надиграна во сите сегменти на овој натпревар. 

Извонреден на овој натпревар беше Алтин Алији кој ги постигна сите три погодоци за Македонија.

Првиот гол нашиот фудбалер го постигна во 36. минута од средбата по голема иницијатива на нашата репрезентација. Алтин Алији во 58. минута, со својот втор погодок го зголеми водството за својата селекција, а третиот погодок го постигна во 74. минута од средбата.

Нашите млади фудбалери покрај трите погодоци, пропуштија уште неколку изгледни можности за погодок.

Македонија: Спаско Ахтаров, Габриел Крстевски, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Адриан Незири, Давид Ристовски, Матеј Гаштаров, Никола Манојлов, Алтин Алији, Веби Ислами, Стефан Младеновски;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови