Connect with us

Хари Кејн со голот против Сенегал го надмина Гери Линекер

Капитенот на Англија, Хари Кејн, го постигна вториот гол за тимот во осминафиналето против Сенегал на Светското првенство 2022 година и веќе е играчот со најмногу голови за „трите лава“ на големите натпреварувања, вкупно 11. Има 7 гола на светските првенства и 4 гола на европски првенства, оставајќи го зад себе Гери Линекер, кој може да се пофали со вкупно 10 гола на двата најважни турнири.


Џуд Белингем исто така има со што да се пофали. Со 19 години и 158 дена, тој стана само третиот тинејџер кој стартувал за Англија во нокаут фазата од Светското првенство. Досега тоа го имаше сторено само Мајкл Овен против Аргентина во 1998 година со 18 години и 198 дена.

Белингем е и најмладиот Англичанец кој асистирал на Мундијал.

Џордан Хендерсон стана вториот најстар играч кој постигнал гол за Англија на Светското првенство. Играчот од средниот ред на Ливерпул има 32 години и 170 дена, додека рекордот го држи Том Фини, кој постигна гол со 36 години и 64 дена против СССР во 1958 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови