Connect with us

Гвардиола: Во секој друг спорт ние ќе бевме победници

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја коментираше елиминацијата на неговиот тим од Реал Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Граѓаните“ одиграа два нерешени дуели, (3-3, 1-1) против тимот на Реал Мадрид и не успеаја во пенал – рулетот на вториот меч кој се одигра на стадионот „Итихад“.


„Попрво би победил, но во секој случај му честитам на Реал Мадрид. Направивме сѐ што можевме, па не се каам за ништо. Секогаш велам дека најважно е да постигнуваме повеќе голови, а помалку да примаме. Игравме исклучително добро, но, за жал, не можевме да победиме. Сите фудбалери одиграа на високо ниво. Некогаш можеме да победиме на пенали, а другпат не. Одлично се браневме, но не ги реализиравме шансите што ги создадовме. Со ваква доминација, во секој друг спорт ние ќе бевме победницни“, изјави Гвардиола.

„Граѓаните“ не успеаја да се пласираат во полуфиналето на „турнирот на богатите“ за првпат по 2020 година, откако третпат по ред се сретнаа со „кралскиот клуб“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови