Connect with us

Гулит: Меси не е најдобар во историјата, но е најдобар на денешницата

Поранешниот капитен на Холандија, Руд Гулит, исто така учествуваше во дебатата за статусот на Лионел Меси по победата на Аргентина на Светското првенство.


„За мене Меси не е најдобар во историјата на фудбалот, но тој е најдобар на денешницата“, коментира 60-годишниот Гулит за „Ziggo Sport“.


„Но, мислам дека некои работи едноставно не треба да се споредуваат. Ако сте успеале да станете светски шампион трипати, тоа е импресивно достигнување. 1960-тите и раните 1970-ти беа ерата на Пеле. Потоа дојде времето на Диего Марадона“, изјави Гулит.


Со тимот на „лалињата“ Руд Гулит ја освои европската титула во 1988 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови