Connect with us

Гонзало Игуаин заминува во пензија

Гонзало „Пипита“ Игуаин најави повлекување на крајот од сезоната со Интер Мајами.
Аргентинецот за два месеци полни 35 години, оваа сезона навистина одигра одлични партии за клубот од Флорида, a Интер Мајами е во добра позиција да влезе во плеј-офот на две кола пред крајот на лигата.


„Пипита“ зад себе има богата кариера. Пред да замине преку барата, тој настапуваше во најдобрите клубови во Европа. Реал Мадрид беше неговиот прв европски клуб каде помина пет и пол години.

Следно настапуваше во Наполи каде ги собори рекордите во Серија А, во 2016 година премина во Јувентус, а подоцна играше во Милан, Челси и на крајот во Мајами.

За аргентинската репрезентација одигра 75 натпревари и постигна 31 гол.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови