Connect with us

Голот на Барселона против Валјадолид е нерегуларен?!

Барселона со судни маки успеа да дојде до победа (1-0) против Валјадолид на „Камп Ноу“ и се доближи на само еден бод до лидерот Атлетико Мадрид,, а пред големото „Ел Класико“, дуелот со Реал Мадрид кој е закажан за претстојниот викенд. Но, судијата Хаиме Латре и помогнал со своите одлуки на Барселона да стигне до победата, тврди судискиот експерт Андухар Оливер, кој е соработник на „Марка“.

„Судијата тешко го оштети Валјадолид со искучувањето на Оскар Плана. Тој фаул на Дембеле не беше за црвен картон. Исто така, и голот на Дембеле за победа на Барселона може да се каже дека е нерегурален. Десетина секунди пред голот Жорди Алба направи фаул над Роке Меса, при што му ја одзема топката, а потоа Дембеле постигна погодок“, анализира Андухар Оливер.

Од друга страна, Лионел Меси исто така истакна незадоволство од судијата Хаиме Латре, потенцирајќи дека барал начин за да му покаже жолт картон што би го елиминирало од настап на „Ел Класико“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови