Македонскиот второлигаш Велешта планира и во новата сезона да игра видна улога во Втората лига Запад. Раководството на клубот работи на засилувањата, а доведено е квалитетно име во офанзивниот дел. Стојанче Велинов во претстојната сезона ќе го носи дресот на Велешта. Тој има огромно прволигашко и интернационално искуство, беше член на Силекс, Работнички, Ренова, Академија Пандев, играше и за Трепча, а доаѓа од тимот на Осогово.
Покрај Велинов, ангажирани се уште двајца нови фудбалери. Велешта ги промовираше и Аздран Мена кој е напаѓач и Илија Далчески кој може да игра во дефанзивата и во средниот ред.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski