Connect with us

Го гаѓаа Гвардиола со монети, им се заканува доживотна забрана за влез на „Енфилд“

Ливерпул успеа да му го нанесе првиот пораз (1-0) во Премиер – лигата на големиот ривал Манчестер Сити, а важната победа на „црвените“ им ја донесе Мохамед Салах.


Но, натпреварот го одбележа и инцидент со навивачите кои го гаѓаа Гвардиола со монети од трибините.

„Публиката се обиде да фрла монети и други предмети кон мене, но не ме погодија. Можеби следниот пат ќе бидат поуспешни“, изјави по натпреварот менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Од Ливерпул соопштија дека ќе го истражат целиот инцидент.

„Знаеме дека имаше инцидент во кој одредени предмети беа фрлени кон противничката клупа. Неприфатливо однесување кое не го очекуваме на „Енфилд“. Инцидентот ќе се истражи со помош на надзорните камери. Виновниците ќе бидат казнети, што вклучува доживотна забрана за доаѓање на „Енфилд“, а можеби и на сите фудбалски натпревари“, изјави портпаролот на „црвените“.

За време на натпреварот имаше дури и морбидни навреди упатени кон семејствата на загинатите во трагедијата во Хилсборо.

„Разочарани сме кога слушаме одвратни извици за таа трагедија од гостинските фанови. Со графити беше уништен и просторот на гостинската страна. Ќе работиме со Манчестер Сити за да направиме се за да ги искорениме таквите работи од фудбалот“, се вели во соопштението на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови