Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар меч во Баку, забележувајќи триумф над соодветната селекција на Азербејџан.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски во вториот контролен дуел против Азербејџан славеа минимална победа со 2-1.
На стадионот Далга, во Баку, Македонија прва се закани. Ливарека во 10. минута се најде во одлична можност, биеше со глава, но над противничкиот гол. Во 40. минута, одличен продор на Николовски, противникот во последен момент успеа да го изблокира неговиот удар.
На стартот на второто полувреме, Азербејџан поведe со 1-0. Во 52. минута, нов удар со глава и нова можност за Ливарека, но повторно без реализација. Уште една добра прилика Македонија имаше преку Серафимов во 68. минута. Во 78. минута, нашите млади фудбалери сосема заслужено го израмнуваат резултатот. По одлично изведениот корнер на Ѓоргиевски, Стојилевски се најде на вистинското место, прецизно со глава биеше за 1-1. Во 86. минута, Македонија прави комплетен пресврт, благодарение на евроголот кој беше дело на Цаноски.
Македонија: Љупче Џеков, Давор Серафимов, Марко Стојилевски, Ѓорѓи Џеков, Адриан Зенделовски, Теодор Николовски, Лорик Мухтари, Фикрет Ливарека, Никола Величковски, Абиола Бамијоко, Дино Михолов;
Селектор: Тони Јакимовски;
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski