Connect with us

Флорентино Перез во болница

На претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, утрово во клиника во Мадрид му била извршена операција на белите дробови, пренесуваат шпанските медиуми.


Медицинската интервенција била планирана, поминала добро, а 75-годишниот Перез се очекува целосно да закрепне, но најверојатно ќе мора да помине неколку дена во болница.


Тој викендов не беше на трибините за пресметката на Реал Мадрид со Севилја и очигледно нема да биде во Германија каде „кралевите“ вечерва ќе ги одмерат силите со Лајпциг во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови