Connect with us

Фиорентина го пронајде наследникот на Влаховиќ

Фиорентина ќе го продаде српскиот напаѓач Душан Влаховиќ на Јувентус во трансфер вреден 75 милиони евра. „Виолетовите“ ќе мора брзо да најдат замена за првиот стрелец во Серија А, а како што пренесуваат медиумите во Италија, гледаат кон Швајцарија.


Тоа е бразилскиот напаѓач Артуро Кабрал кој во одлична форма настапува за швајцарскиот тим Базел. Досега оваа сезона во сите натпреварувања постигна 27 гола на 31 натпревар.

Фиорентина му нуди на Базел 14 милиони евра, плус 2 милиони бонуси. Кабрал пред да го носи дресот на Базел играше во Бразил за тимот на Палмеирас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови