Connect with us

Финалето на Купот ќе биде преместено на комплексот на ФФМ

Финалето на фудбалскиот Куп на Македонија кое беше закажано за 20 мај во Струмица, ќе биде преместено во Скопје и ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ во ФФМ. Ова поради лошата состојба на теренот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.


Најчесто финалните мечеви од Купот се играле на Националната арена „Тодор Проески“, но во моментот и таму теренот е во фаза на реновирање за настапите на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024.

Во финалето ќе играат Струга Трим Лум и бранителот на ланскиот трофеј Македонија ЃП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови