Македонскиот второлигаш Брегалница се раздели со шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски. Раководството на штипскиот клуб и досегашниот тренер се одлучија на спогодбен раскин на договорот по соработката која трае од јули 2019 година.
„Сакам да се заблагодарам на раководството на клубот и сопственикот Кирил Гогов на довербата и поддршката која ја имав за време на целокупниот мој ангажман во Брегалница изминатиов период. На клубот му посакувам многу среќа и успех во продолжението од првенството и секако влез во Првата лига, каде и му е местото“ – истакна Илиевски по завршувањето на соработката со „сините“.
Брегалница, во следното коло од Втората лига – Исток ја очекува пресметката со Каменица Саса во Штип.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













