Хрватскиот првак Динамо Загреб има верни навивачи и во Скопје. Како еден од клубовите од „големата четворка“ на поранешна Југославија, Динамо има фанови низ ју-просторите. Еден од нив е и Горан Адамовски од Скопје, кој има три тетоважи посветени на „модрите“ и за Динамо Загреб навива повеќе од три децении.
„Момци, јас не навивам за Динамо, живеам за Динамо. Ако зборувам за фудбал, тогаш зборувам за Барселона или Реал, но ако зборувам за Динамо, тогаш зборувам за начин на живот. Не навиваш за Динамо, живееш за Динамо. Првиот натпревар на кој дојдов на „Максимир“ беше Динамо – Селтик (3-0) во 1998 година. Се уште се градеше северната трибина, имав само 16 години, од Скопје сам со воз отидов во Загреб“, раскажа Горан.
Горан Адамовски денеска во хотелот „Хилтон“ се сретна со своите идоли, Аријан Адеми и Стефан Ристовски, разговараше и доби шанса да се фотографира со нив, им посака многу среќа на денешниот дуел.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski