Connect with us

Де Роси останува на клупата на Рома и наредната сезона

Италијанскиот калчолигаш Рома и официјално му даде доверба на Даниеле де Роси да го предводи тимот и наредната сезона. Легендарниот фудбалер на „волчицата“ го анследи тимот од Жозе Мурињо и успеа да го опорави, па сега Рома се бори за пласман и во Лигата на шампионите. Петтата позиција во Серија А многу веројатно носи пласман во елитното европско клупско натпреварување,


Де Роси се нафати да ја предводи Рома до крајот на сезоната, а сега раководството на клубот реши да му понуди нов договор.

„По состанокот со Даниеле де Роси, со задоволство можеме да објавиме дека тој ќе остане на чело на Рома и по завршувањето на сезонава. За краткото време што го мина овде како тренер донесе лидерство и позитивни промени, како продолжение на неговата неверојатна приказна со Рома. Лидерството на Даниеле го одбележуваат храброст и почит, додека неговата сила и доверба се истовремено и главни вредности на Рома. Ќе продолжиме да соработуваме заедно за уште поубава иднина на Рома“, се вели во обраќањето на сопствениците на клубот, Ден и Рајан Фридкин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови