Легендарниот фудбалер на Рома и италијански репрезентативец Даниеле де Роси се наоѓа во болница во Рим откако се пожали на посериозни симптоми на Ковид-19. Тој има пневмонија и задржан е на лекување. Сепак, ги смири фановите со порака и истакна дека се чувствува добро, но сака сите да знаат дека нема шега со вирусот Ковид-19.
„Дојдов тука затоа што имав симптоми кои едноставно не поминуваа. Кога станав наутро, одеднаш главата ме болеше, ушите ми зуеја и не се чувствува добро. Имав болки во мускулите и решив да одам на лекарска проверка. Ми беше дијагностицирана пневмонија, не е толку страшно, но, сепак, ме задржаа на лекување. Сакам да кажам дека нема шега со Ковид-19 и би ве советувал сите да гледате сериозно на овој вирус“, напиша на социјалните мрежи Даниеле де Роси.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski