Шпанскиот голман Давид де Хеа продолжува да бара нов тим. Голманот го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од минатата сезона кога му истече договорот.
Интерес за Де Хеа имаше и од Баерн Минхен, а тој моментно има понуди од Саудиска Арабија и од САД. Сепак, последната понуда доаѓа од Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.
Рома стапила во контакт со голманот, бидејќи нивната желба е да го привлечат. Тренерот Жозе Мурињо лично разговарал со Де Хеа за да го убеди да дојде на „Олимпико“.
„Специјалниот“ не е задоволен со сегашниот голман Руи Патрисио и бара квалитетно решение.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski