Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање на А тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата во Лига на нации.
„Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул“, информираат од ФФМ.
Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19. септември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski