Connect with us

Чиро Имобиле сака да остане во Лацио

Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, е подготвен да остане во Рим и следната сезона. Агентот на напаѓачот на Лацио, Алесандро Моџи, проговори за иднината на својот клиент. Медиумите во Италија пишуваа дека фудбалерот би можел да го напушти клубот поради конфликт со навивачите.


„Чиро е дел од историјата на Лацио, тој е капитен. Добро му оди во Рим, но јасно е дека многу работи можат да се случат пред и по крајот на сезоната. Во летниот преоден рок можни се различни ситуации“, изјави Моџи за „Спорт Медијасет“.

Тој додаде дека фудбалерот би сакал да остане во тимот.

Имобиле за Лацио игра од јули 2016 година. За тоа време одигра 335 натпревари за клубот, постигнувајќи 206 гола и 54 асистенции.

Договорот на Чиро Имобиле е до крајот на сезоната 2025/26.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови