Connect with us

Челси прави нова „чистка“ и повторно планира епски преоден рок ова лето

Челси треба да започне уште еден епски летен преоден рок, а седум од сегашните играчи на „сините“ имаат само два месеци да си ја обезбедат иднината на „Стемфорд Бриџ“.


„Сан“ тврди дека сопственикот Тод Боели се подготвува за уште еден голем пазар по крајот на сезоната за да го засили составот на одредени позиции. Најголем предизвик е ангажманот на нов напаѓач, а прва цел е ѕвездата на Брентфорд, Иван Тони.

Со цел да ги обезбеди потребните средства за нови засилувања, Боели се надева дека ќе продаде дел од сегашниот тим, почнувајќи од голманот Кепа Аризабалага и напаѓачот Ромелу Лукаку. Тој сака да ги испрати во Саудиска Арабија откако ќе завршат нивните позајмици во Реал Мадрид и во Рома.

Други играчи кои се изложени на ризик од заминување се Рахим Стерлинг, Конор Галагер, голманот Роберт Санчез, Марк Кукуреља, Трево Чалоба, Армандо Броја и Тијаго Силва.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови