Connect with us

Чави после историскиот дебакл: Ова тешко ќе се преживее…

Фудбалерите на Барселона со предност од 1-0 влегоа во синоќешниот реванш од Купот на Кралот против Реал Мадрид, имаа и психолошка предност поради „+12“ во шпанскиот шампионат и две победи над најголемиот ривал во последниот месец, но „кралскиот“ клуб уште еднаш покажа дека е најопасен кога ќе го отпишат.


Реал ја збриша Барса со 0-4 на „Камп Ноу“, нанесувајќи му го најтешкиот пораз на домашен терен во Ел Класико од 1963 година и се пласираше во финалето, каде во Севилја ќе се бори со Осасуна за трофејот.

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, беше апсолутно разочаран по натпреварот.

„Ќе биде тешко да се преспие оваа ноќ. Ова навистина боли, но имаме лига каде што сме први и мора да се вратиме и да покажеме реакција. Одигравме многу подобро отколку што покажува резултатот, бидејќи овој пораз е навистина страшен“, изјави Чави и додаде дека вториот гол бил клучен:

„Во првото полувреме бевме многу добри, но во транзиција Реал постигна гол за 1-0. Вториот гол нѐ уби. Штета, мора да бидете самокритични и морам да кажам дека игравме многу лошо второ полувреме“, заклучи Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови