Connect with us

Чави: Мораме да го промениме менталитетот за да победуваме на дерби мечеви

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го коментираше поразот (3-1) на неговиот тим од Реал Мадрид во 250. издание на Ел Класико. Тој не е задоволен од грешките на своите играчи и сподели што треба да се промени за тимот да го подобри својот настап.


„Си заминуваме со празни раце. Ние не ги искористивме нашите можности, а Мадрид ги искористи маисимално. Ние сме во период кога ништо не ни оди како што треба и тоа треба да го промениме. Не можам да бидам среќен речиси со ништо по поразот од 1-3. Бевме многу добри досега во првенството, но треба да ја подобриме силата и агресивноста. Се договоривме дека не смееме да дозволиме Реал да не фати на контранапади, а со првиот гол бевме фатени во транзиција“, изјави Чави.

Претходно, Барселона беше раздрмана и од Интер во Лигата на шампионите, со оглед дека после ремито на „Камп Ноу“ е речиси пред елиминација во групната фаза.

„Мислам дека натпреварот против Интер не влијаеше на нас. Без да водиме силна борба, имавме шанси да израмниме и на 1-1 и на 2-2. Во првиот дел не бевме лоши. Но, ако сакаме да победуваме на вакви натпревари, мора да го промениме нашиот менталитет. Она што ме загрижува е што не бевме на нашето ниво на игра. Првиот гол не требаше да се случи и таму требаше да фаулираме. Се работи за наши грешки, не го правиме она што е потребно. При првиот гол требаше да направиме фаул, а при вториот имаше погрешна комуникација. Треба да бидеме и поефикасни. Јас сум капетан на бродот и вината е моја“, изјави тренерот на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови