Connect with us

Чави го откажал денешниот тренинг на Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го откажа денешниот тренинг. Тој во договор со членовите на стручниот штаб решиле да и дадат дополнителен ден одмор на фудбалерите, откажувајќи го тренингот во четврток.


Шпанските медиуми пренесуваат дека елиминацијата од Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Лигата на шампионите дополнително го потресе клубот и додаваат дека атмосферата е многу лоша, а тензиите се зголемија по изјавите на Илкај Гиндоан, со кои тој критикуваше некои соиграчи.

Барселона в недела ја очекува Ел Класико, големото дерби против Реал во Мадрид, а до крајот на првенството остануваат уште седум натпревари. Реал е лидер во Ла Лига и има осум бода повеќе од Барса.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови