По трите едноподруго победи на стартот од новата сезона во Втората лига – Исток, Брегалница го запиша и првото реми (1-1), против Осогово во 4. коло од шампионатот.
Во натпревар во кој „сините“ целосно доминираа на теренот, најголемите возбудувања се случија во второто полувреме по првите 45 минути без погодок.
Агресивно почнувајќи го вториот дел, избраниците на Добринко Илиевски до предност од 1-0 дојдоа во 59. минута. По корнерот од десната страна, Антонио Митрев највисок во скокот ефектно постигна гол со глава од 12 метри за водство од 1-0.
Но, веднаш по водството на „сините“, гостите веќе во 64. минута израмнија на 1-1. По корнерот од левата страна, пропуст во одбраната на Брегалница па топката доаѓа до Илија Далчески кој прецизно стрела од само две метри пред голот на Петровски.
По израмнувањето, силни обиди на фудбалерите на Брегалница да дојдат до посакуваните три бода, но сето тоа остана безуспешно.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (4. коло)
Брегалница – Осогово 1-1
Кит Го – Тиквеш 0-3
Слога Виница – Кожуф 1-1
Росоман – Каменица Саса 3-2
Победа – Плачковица 0-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski