Connect with us

Брегалница ремизираше (2-2) против Графичар

Новиот прволигаш Брегалница во последните минути од средбата испушти победа против српскиот тим Графичар на вториот пријателски натпревар на Златибор. На крајот штипскиот тим ремизираше 2-2 со тимот кој од клупата го предводи Бошко Ѓуровски.


Мартин Стојанов во 37. минута од натпреварот донесе предност за Брегалница откако одлично шутираше од 20 метри во долниот лев агол од голот на Графичар.


Графичар израмни во 81. минута, но само две минути подоцна Брегалница обезбеди ново водство со голот на Јован Манев. Сепак, во 88. минута Графичар постигна втор гол за конечни 2-2.


Марјан Секуловски натпреварот го почна со следниот состав: Денковски, Манев, Мојсов, Азиновиќ, Маневски, Ацковски, Минчев, Дујовски, М. Стојанов, Додев, Кудијан. Во второто полувреме играа и Петровски, Муарем, Коцев, Георгиев, Кудев, Наумоски, Бакрачески…


Следниот пријателски натпревар за Брегалница е против црногорскиот прволигаш Искра Даниловград на 17. јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови