По добивањето на новиот сопственик и главен финансиер, познатиот македонски стопанственик, Кирил Гогов, вистински спортски мецена кој ја препозна идејата за враќање на Брегалница во вистинскиот сјај, ФК БРЕГАЛНИЦА дефинитивно отвора нова страница во својата историја.
Покрај бројните проекти кои се активирани за организациска и вистинска структурна поставеност во клубот, реновирање и обнова на комплетната спортска инфраструктура, инвестициски период за развој на фудбалот во Штип, но и воопшто во регионот, ФК БРЕГАЛНИЦА за првпат во историјата ја штипјани ја имаат и и првата своја официјална интернет страница (www.fkbregalnica.mk). На тој начин, ФК Брегалница е еден од ретките домашни второлигаши со своја официјална интернет страница.
„Интернет страницата со максимално засилен интензитет ќе биде сервис на сите најнови информации поврзани со клубот, неговите навивачи но и спортот во Град Штип. Покрај со најнови вести, интервјуа и разговори, интернет страницата пред Вас ќе изобилува со фотогалерии и фото-стории од натпреварите и најновите случувања во клубот. Официјалната интернет страница на ФК Брегалница во живо ќе ги пренесува и натпреварите на клубот, сето тоа потоа складирано и во архивска папка со најинтересните моменти и погодоци од секој натпревар. ФК БРЕГАЛНИЦА е горда што зад себе има огромен број спортски поддржувачи, вистинска армија навивачи, пред која и натаму ќе ни биде чест отворено и транспарентно да ја сервисираме секоја новина од клубот“ – информираат од ФК Брегалница.
Штипјани официјалниот интернет сајт го промовираат пред утрешниот прв натпревар на домашен терен во 2. коло од Втората лига – Исток против Осогово, кој ќе се игра под рефлектори со почеток од 19 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













