Connect with us

Борусија Дортмунд без Себастијан Але на реваншот против Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид поради повреда на левиот зглоб, изјави тренерот на германскиот тим, Един Терзиќ.


„За жал, повторно го повреди скочниот зглоб. Претпоставуваме дека нема да биде на располагање две до три недели“, изјави Терзиќ.

Себастијан Але се повреди во саботата на мечот од Бундес – лигата против Борусија Менхенгладбах, во кој неговиот тим победи со 2-1.

Тој претходно беше единствениот стрелец за Борусија Дортмунд во нивниот пораз од Атлетико Мадрид со 2-1 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Реваншот се игра вечерва на „Сигнал Идуна Парк“, со почеток од 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови