Connect with us

„Бомба“ од Бразил: Ромарио му се враќа на фудбалот на 58 години

Фудбалската икона Ромарио фрли вистинска „бомба“ во Бразил. 58-годишниот легендарен напаѓач се враќа на терените како играч на Америка Рио де Жанеиро. Тој е и претседател на клубот од почетокот на 2024 година.


Победникот на Светското првенство во 1994 година веќе е лиценциран за второлигашот во шампионатот Кариока, кој започнува на 18 мај.

Ромарио призна дека неговата цел е да игра заедно со неговиот син Ромарињо, кој неодамна потпиша за ФК Америка.

„Нема да се натпреварувам во првенството, туку ќе одиграм неколку натпревари за тимот на моето срце и ќе исполнам уште еден сон, играјќи заедно со мојот син“, напиша Ромарио на Инстаграм.

Легендарниот голгетер нема одиграно официјален натпревар од ноември 2009 година, кога одигра еден натпревар за Америка ФК, омилениот клуб на неговиот татко Едеваир.

Ромарио важи за еден од најдобрите фудбалери на Бразил – на 70 натпревари за Селесао постигна 55 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови