Connect with us

Беласица не ја прифати оставката на тренерот Гуцев

Благој Гуцев ќе остане шеф на стручниот штаб на македонскиот второлигаш Беласица. Раководството на клубот не ја прифати понудената оставка по последниот пораз на струмичкиот тим.


„На денешниот состанок на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше одлучено едногласно дека не е прифатена истата. Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на ФК Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ“, се вели во соопштението на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови