Репрезентативецот на Македонија, Егзон Бејтулаи повеќе не е член на шведскиот прволигаш Хелсингборг. Бејтулаи побарал раскин на договорот поради семејни причини, што наишло на максимално разбирање од страна на раководството на клубот.
„Морам да бидам дома од семејни причини. Ова беше најдобро решение, бидејќи не сум во можност да го дадам својот максимум. Наидов на разбирање од страна на раководството на клубот и поради тоа сум благодарен. Во животот нештата не одат според начинот на кој се надеваме. Му посакувам на клубот се најдобро во иднина“, изјави Бејтулаи.
Егзон Бејтулаи во Хелсингборг премина во јануарскиот преоден рок потпишувајќи тригодишен договор, по одличните настапи во дресот на Шкендија каде сега се очекува негово враќање во клубот за новата натпреварувачка сезона.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski