Connect with us

Барселона одлучи кој ќе биде нов капитен по заминувањето на Бускетс

На актуелниот капитен на Барселона, Серхио Бускетс, му истекува договорот на крајот од сезоната. Шпанските медиуми пишуваат дека веќе е познато кој ќе го наследи во капитенската улога.


Очигледно веќе е одлучено Жорди Алба да ја преземе капитенската лента во следната сезона.

Алба е само една година помлад од Бускетс, порано се пишуваше дека Барселона е подготвена да го пушти искусниот дефанзивец во нов клуб, но сега ситуацијата се промени и тој ќе потпише нов едногодишен договор до крајот на сезоната 2023/24.

Жорди Алба дојде во Барселона во летото 2012 година од Валенсија, набргу по освојувањето на Европското првенство и досега за каталонскиот клуб одигра 441 натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови