Connect with us

Барселона му постави ултиматум на Чави

Чави мора да ги победи наредните два меча со Барселона, доколку сака да остане на клупата на каталонскиот гигант. По двата лоши резултати во низа за четири дена, ремито против Интер (3-3) на „Камп Ноу“ и поразот (3-1) од Реал Мадрид во Ел Класико, комплетно се урна сликата за силниот тим на Барселона.


Претседателот на клубот Жоан Лапорта му поставил ултиматум на Чави дека мора да победи на следните два натпревари против Вилјареал и Атлетик Билбао. Тоа ќе бидат два тешки теста, а доколку Барса не освои шест бода, Чави најверојатно ќе мора да си замине од клупата, иако има договор до летото 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови