Connect with us

Барса го прегази Реал за трофеј во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

Барселона го освои Суперкупот на Шпанија откако во Ријад го декласира лутиот ривал Реал Мадрид со 3-1. Чави успеа да го надмудри Карло Анчелоти, кој имаше неверојатен ефект на победи на финални натпревари во кариерата.

Гави во 33.минута го отвори резултатот, а Роберт Левандовски пред истекот на првото полувреме зголеми на 2-0.

Третиот гол за Барселона беше дело на Педри во 69.минута, а „кралевите“ дојдоа до почесен погодок во судиското продолжение кога стрелаше Карим Бензема.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови