Connect with us

Барди домаќин на Црвена Звезда, Алиоски на гости во Франција

Четврток е ден за Лига Европа и за Конференциска лига. Во овие натпреварувања Македонија има малку поголем број на претставници од ЛШ, па тоа носи и дополнителна возбуда на нашите простори.


Македонскиот репрезентативец Енис Барди со Трабзонспор денеска го пречекува српскиот првак Црвена Звезда. Турскиот шампион очекува да стигне и до првиот триумф.

Езгјан Алиоски со Фенербахче гостува во Франција и ќе се сретне со Рен, а Ердал Ракип со Малме има гостување кај Унион Ројал во Белгија.

Иван Тричковски со АЕК Ларнака ќе му гостува на Динамо Киев, а натпреварот се игра во Краков.

Во Конференциската лига на УЕФА, ерменскиот Пјуник стана „македонски тим“. За него играат Марјан Радески, Стефан Спировски и Кире Ристевски. Тие денеска на домашен терен го пречекуваат тимот на Слован Братислава.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови