Освојувачот на националниот Куп, тимот на Македонија ЃП, ремизираше без голови против ЦСКА Софија во 2. квалификациско коло од Конференциската лига. „Лавовите“ цело полувреме играа со фудбалер помалку, а тренерот Муарем Бајрами е задоволен што тимот не потклекна.
„Одигравме одлично до црвениот картон на Матеус, а потоа се нарушија нашите планови. Моравме повеќе да се ориентираме на одбраната, а потоа дојде и повредата на Емини. Но, среќен сум што во ростерот имам фудбалери кои можат секого да заменат. Бевме храбри и исполнителни и во второто полувреме и се ќе се решава на реваншот во Софија. ЦСКА и понатаму е фаворит, но ние нема да се предадеме лесно“, изјави Муарем Бајрами.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski