Connect with us

Баерн Минхен во нов обид да го доведе Јан Зомер

Раководството на Баерн Минхен ги обнови преговорите за голманот на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер. Тренерот Џулијан Нагелсман се залага за нов голман кој ќе го замени повредениот Мануел Нојер.


Договорот на Зомер со Борусија е до летото 2023. Оваа сезона 34-годишниот Швајцарец настапи на 11 настапи за тимот од Менхенгладбах и прими 14 гола.


Првично Борусија бараше меѓу 8 и 10 милиони евра за Зомер, а Баварците понудија само 4 милиони. Двата клуба мора да се договорат до крајот на неделата, а личните услови нема да бидат проблем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови