Connect with us

Баерн Минхен на лето ќе се обиде да го купи Душан Влаховиќ

Баерн Минхен сака да доведе нов напаѓач на лето, а меѓу главните трансферни цели на Баварците е Душан Влаховиќ од Јувентус, пишуваат медиумите во Германија. Српскиот напаѓач не ги оправда вложените средства на „бјанконерите“ и во Торино се подготвени да слушнат понуди за својот играч.


Клубот е строго казнет од италијанската федерација и речиси сигурно нема да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, а тоа ќе направи и големи проблеми со буџетот.

Баерн е во потрага по врвен напаѓач и со оглед дека Виктор Осимен и Рандал Коло Муани се прескапи, германскиот клуб се надева дека ќе успее да го купи Влаховиќ.

Во Италија се шпекулира дека Јувентус е подготвен да се раздели со напаѓачот за 85 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови