Connect with us

Атлетико Мадрид три седмици ќе биде без капитенот Коке

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, има повреда на бутниот мускул, соопшти денеска неговиот клуб. Играчот од средниот ред ја заработи повредата при победата (1-0) против Атлетик Билбао во саботата. Тој беше принуден да биде заменет во 81. минута од натпреварот.


Шпанскиот репрезентативец ќе има многу малку време целосно да се опорави за стартот на Светското првенство во Катар. 30-годишниот играч од средниот ред веќе започна со рехабилитација, но се очекува да паузира околу дваесетина дена.

Шпанија е во групата Е на Светското првенство во 2022 година, заедно со селекциите на Германија, Костарика и на Јапонија. Првата средба на „црвената фурија“ во Катар е на 23 ноември против Костарика.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови