Connect with us

Атлетико Мадрид ќе го пушти Жоао Феликс на позајмица во Барселона за 25 милиони евра

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид е подготвен да му ја исполни желбата на Жоао Феликс и да го испрати Португалецот во Барселона. Тој изјави дека отсекогаш имал желба да игра токму во редовите на гигантот од „Камп Ноу“, а тоа ги разбесни сите во Атлетико Мадрид, посебно навивачите кои го искинаа неговиот постер на стадионот.

Атлетико Мадрид од Барселона ќе побара да плати 25 милиони евра за едногодишна позајмица за португалскиот напаѓач. Со оглед на финансиските проблеми, не е познато дали Барселона ќе се реши на ваков потег, ако се знае дека ќе треба речиси уште толку да плати и за годишната плата на фудбалерот.

Жоао Феликс вториот дел од минатата сезона го мина во дресот на Челси, исто така како позајмен играч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови