Connect with us

Атлетико го слави испаѓањето на Барса од ЛШ, тоа му донесе 50 милиони евра

Атлетико Мадрид вчера се прости од Лигата на шампионите во четвртфиналната фаза. Избраниците на Диего Симеоне по првиот натпревар имаа предност од 2-1, но на реваншот во Дортмунд загубија со 4-2 и беа елиминирани од натпреварувањето.


Добра вест за Атлетико беше испаѓањето на Барселона од Пари Сен Жермен бидејќи ја наполни касата на мадридскиот клуб.

Испаѓањето на Барселона во четвртфиналето на ЛШ значи дека Атлетико ќе игра на Светското клупско првенство следната година. Ќе се одржи во САД во нов формат. Ќе учествуваат 32 екипи поделени во осум групи по четири екипи. Двете најдобри екипи од секоја група ќе играат во нокаут фазата.

Барселона за да се пласира на Светското клупско првенство мораше да обезбеди финале во Лигата на шампионите оваа сезона и да чека Атлетико да биде елиминиран од Борусија Дортмунд.

Нејзината елиминација од најсилното европско клупско натпреварување значеше и промоција на Атлетико на клупското СП следната година. А тоа на клубот му носи 50 милиони евра.

Европските претставници на Светското клупско првенство ги пополнија сите места освен едно, предвидено за победникот на Лигата на шампионите оваа сезона, односно за најдобриот тим според рангирањето на ФИФА во последните четири години кој сѐ уште го нема обезбедено своето место.

Засега сигурни се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Челси, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус и Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови