Connect with us

Артета: Сега треба да им бидеме поддршка на играчите, дадоа сѐ од себе

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше поразот на тимот со минимални 0-1 од Баерн Минхен во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Поразот значи дека „топчиите“ го напуштаат „турнирот на богатите“ откако загубија во вкупниот резултат со 2-3.


„Има чувство на разочарување во соблекувалната. Посакувам да ги најдам вистинските зборови да ги кажам, но не можам. Мораме да го поминеме ова. Се соочивме со многу искусен тим. Имаше моменти кога бевме подобри, но им дозволивме да постигнат два гола на првиот натпревар за да дојдат во водство. Сега е време да се држиме со играчите бидејќи им треба нашата поддршка. Тие се оние кои нѐ однесоа на ова убаво патување“, изјави менаџерот на „топчиите“, Микел Артета.

И покрај разочарувачкиот пораз, тимот на Арсенал покажа неверојатен напредок втора последовна сезона и се врати во Лигата на шампионите по седумгодишно отсуство, како и прескокнување на осминафиналето на турнирот за првпат од 2010 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови