Connect with us

Артета: Ако еден неуспех нѐ потресе, тогаш не сме доволно силни

Арсенал не може да жали за пропуштената шанса да се најде на врвот на табелата во Премиер – лигата, туку мора брзо да го надмине поразот од Астон Вила, изјави менаџерот Микел Артета. Во неделата „топчиите“ загубија на домашен терен со 0-2 од тимот од Бирмингем, а со успех ќе станеа лидери по поразот на Ливерпул од Кристал Палас со 0-1.


„Ова е реалноста. Така беше и во последните неколку месеци. Знаевме дека може да дојде овој тежок момент и сега треба соодветно да реагираме. Ако само еден резултат нѐ потресе, тогаш не сме доволно силни. Имавме одличен настап во првото полувреме. Во вториот моментумот се помести. Сега мораме да застанеме цврсто и да продолжиме понатаму“, изјави шпанскиот стратег.

Шампионот Манчестер Сити води во поредокот со 73 бода, додека Арсенал и Ливерпул се на втората и на третата позиција со два бода помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови