Connect with us

Арсенал се вклучи во трката за Мејсон Маунт

Арсенал разговарал со Челси за играчот од средниот ред на „сините“, Мејсон Маунт. Тој е меѓу кандидатите да го замени Гранит Џака, кој најверојатно ќе ги напушти „топчиите“ на лето.


Иднината на Мејсон Маунт на „Стемфорд бриџ“ останува нејасна бидејќи неговиот актуелен договор истекува во 2024 година, а покрај Арсенал, интерес за Англичанецот истакна и Ливерпул.

Други опции за засилувања во средниот ред на тимот на Микел Артета се Моисес Каиседо и Деклан Рајс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови