Connect with us

Арсенал сака да го доведе Адриен Рабио

Лидерот во Премиер – лигата, тимот на Арсенал, е заинтересиран за играчот од средниот ред на Јувентус и репрезентативец на Франција, Адриен Рабио, откриваат медиумите на Островот.


Менаџерот на лондонскиот клуб Микел Артета сака да го ангажира Рабио (27) во зимскиот преоден рок за да го засили средниот ред на тимот.


Французинот е во Јувентус од јули 2019 година. Неговиот актуелен договор со „бјанконерите“ е до крајот на сезоната.


Играчот од средниот ред настапи на 145 натпревари за италијанскиот тим, постигнувајќи 11 голови и осум асистенции.


Арсенал е на врвот на табелата во Премиер – лигата со 37 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови