Connect with us

Арсенал испадна и на Салцбург му „подари“ 50 милиони евра

Пo испаѓањето на Арсенал од Лигата на шампионите, комплетиран е списокот на европските клубови кои ќе учествуваат на Светското клупско првенство.


Клупскиот мундијал од 2025 година ќе се игра во нов формат со осум групи од по четири клуба. Покрај 12 европски клубови, ќе учествуваат шест екипи од Јужна Америка, четири клуба од Азија, четири од Африка, пет од Централна и Северна Америка (едно дополнително место за домаќинот на турнирот) и шампионот на Австралија и Океанија, Оукленд Сити.

Испаѓањето на Арсенал го израдува Ред Бул Салцбург. Австрискиот клубот го зграпчи последното место од Европа според клупскиот коефициент во последните четири години и со тоа заработи 50 милиони евра, колку што ќе добие секој клуб учесник.

Ливерпул, Лајпциг, Барселона, Наполи, Севилја и Милан имаа поголем коефициент од Салцбург, но не можат да учествуваат поради правилото на најмногу два клуба од иста земја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови