Connect with us

Анчелоти: Реал затоа е Реал, наоѓа излез и во ситуации кога тоа изгледа невозможно

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше успехот на тимот против Манчестер Сити во четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите, која „кралевите“ ја добија на пенали и се пласираа меѓу четирите најдобри на турнирот.


„Многу добро се браневме. Се работеше за опстанок. Реал Мадрид е клуб чија суштина е постојаната борба за опстанок во ситуации кога се чини дека нема излез. Но, ние секогаш наоѓаме излез. Бевме целосно уверени дека ќе одиме понатаму, посебно кога издржавме и дојдовме до изведување пенали“, изјави Анчелоти.

Во полуфиналето Реал Мадрид ќе се соочи со тимот на Баерн Минхен, кој во подеднакво тензичен двомеч го елиминираше Арсенал, откако на „Алијанц арена“ победи со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови