Connect with us

Анчелоти: Горд сум што го водам овој тим

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше воодушевен од успехот од 4-0 против Барселона на „Камп Ноу“ во полуфиналето од Купот на Кралот. Тој ги пофали своите играчи и рече дека одиграле одличен натпревар и целосно заслужиле да стигнат до успех над големиот ривал.


„Одигравме одличен натпревар и резултатот е заслужен. Особено во второто полувреме одигравме брилијантно во многу тежок натпревар. Кога ќе добиевме можност, веднаш создававме шанси, особено во контранапади. Бевме на ниво, и во нападот и во одбраната. Винисиус му правеше многу проблеми на противникот, а Бензема како и секогаш имаше одлучувачка улога“, изјави Анчелоти.

„Натпреварот беше една голема битка, имаше многу дуели, имаше и нервозни моменти, но тоа е нормално. Доброто е што ние повторно ја кренавме работната температура и тоа во најважниот момент од сезоната. Ги загубивме последните две пресметки со Барселона, но тоа не ни ја намали самодовербата. Излеговме со ист план како и секогаш, само сменивме некои детали. Среќен сум со победата. Горд сум што го водам овој тим“, додаде италијански стратег на кормилото на Реал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови