Connect with us

Аитана Бонмати е најдобра светска фудбалерка

Шпанската репрезентативка и фудбалерка на Барселона, Аитана Бонмати, ја доби „Златната топка“ за најдобра фудбалерка во светот за 2023 година. Таа со „црвената фурија“ ја освои светската титула, а исто така ја предводеше и Барселона до тројна круна. Наградата ја додели најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Ова е најголемото индовидуално признание што може да се добие во фудбалот, толку сум возбудена што веројатно неколку дена нема да можам да заспијам. Сепак, фудбалот е тимски спорт и јас сакам да ја поделам наградата со сите мои соиграчи од Барселона, како и со стручниот штаб. Неизмерно сум горда што можам да играм за еден таков голем клуб и се надевам дека сите заедно ќе освоиме уште многу трофеи“, изјави Аитана Бонмати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови