Connect with us

Агуеро во солзи: Лекарите ми кажаа да ја прекинам кариерата (ВИДЕО)

Аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро мораше да ја објави најтешката одлука во животот, дека става крај на фудбалската кариера поради проблемите со срцето кои му беа дијагностицирани во последниот период откако имаше потешкотии со дишењето на мечот против Алавес.


Тој во солзи истакна дека мора да прекине со активната фудбалска кариера.

„Донесов одлука да прекинам со професионално играње фудбал. Морав да ги послушам советите на лекарите кои ми рекоа дека е најдобро да ставам карј на кароерата. Тажен сум во овие моменти, но и среќен поради кариерата што ја имав. Уживав во секој момент од кариерата, мојот сон беше да играм во Европа и тој ми се исполни. Играв во најдобрите клубови, на крајот добив шанса да го носам и дресот на Барселона. Имав можност да бидам дел од Атлетико Мадрид и Манчестер Сити, сакам да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа и се уште ми даваат поддршка во овие животни моменти“, изјави Агуеро.

На прес – конференцијата беше присутен и Пеп Гвардиола, како и претставници од аргентинската и од шпанската фудбалска федерација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови